Makedonski Jazik i Literatura
Lirika
Формата на лириката е стихот. Во прозни текстови може да сретнеме лирски елементи, но тешко ќе сретнеме лирски дела во проза. Лириката е изразувачка уметност, бидејќи лирските песни се поетски творби со кои се изразуваат чувства, мисли и расположенија.
Лирски субјект
Градот на принцезата Пастрмка
Изградив прекрасен град
со возови, со трамваи, со пруги.
Го населив со цвеќиња,
со рингишпили,
со многу чуда други.
Од цвет до цвет водат
мостови напнати како лак,
а долу, далеку долу,
одвај е видлив
на реката синиот крај.
По таа река се скита принцеза Пастрмка
сета облечена во црвени дамки.
Принцеза Пастрмка има прекрасен дом
од бели каменчиња и жолти сламки.
(Србо Ивановски)