Makedonski Jazik i Literatura
Recenica, Definicija na Recenicata; Vidovi Recenici
Реченицата е синтаксичка единица организирана според правилата на јазикот која има еден прирошки показател (личноглаголска форма). Односно, реченицата содржи еден прирок, а зборовите во неа се подредени според синтаксичката шема на јазикот (во точен редослед).
На пр.: Ја сунѓер со таблата сув Дамјан брише.
Реченицата може да се разгледува од повеќе страни:
1. Реченицата има своја содржина и дава некаква информација.
2. Реченицата има своја интонација со што се изделува како целина од другите делови на текстот.
На пр.: Дамјан брише.
Дамјан брише?Дамјан брише!
3. Реченицата има своја граматичка структура која е организирана според синтаксичката шема на јазикот.
4.Со реченицата се изразува ставот на говорителот (модалност на реченицата).
5. Реченицата се разгледува како дел од текстот.
Поделба на речениците
1. Според содржината речениците се делат на:
а) расказни
б) заповедни
в) прашални
г) извични
д) желбени
2. Според формата речениците се делат на:
а) безглаголски
б) безлични
3. Според составот речениците се делат на:
а) прости
б) сложени